Најчесто Поставувани Прашања

Количината на кофеин што ја содржи пијалокот секако зависи од големината на пакувањето. стандардна лименка Coca‑Cola Classic и Coca‑Cola Zero има 32мг. кофеин што е многу помалку од количината на кофеин во шолја кафе. Шолја кафе има околу 100мг, а шолја чај околу 75мг кофеин.

Многумина се изненадени од фактот дека кофеинот е една од состојките што помагаат Coca‑Cola да го добие уникатниот одличен вкус. Луѓето конзумираат кофеин секојдневно во пијалоци како кафе, чај или газирани напитоци.

Сепак знаеме дека не сите пијат кофеин и не сакаат да го пијат постојано затоа нудиме и линија безкофеински пијалоци давајќи им со тоа на потроушувачите можност да направат избор за себе и своето семејство.

Состојките се дел од најдобро чуваниот рецепт во индустријата за храна и пијалоци.

  • Карбонизирана вода - речиси 90% од Coca‑Cola пијалокот е вода. Карбонизирањето е со прочистен јаглерод диоксид кој му ги дава меурчињата на пијалокот.
  • Шеќер - Слаткоста и вкусот што го остава во устата Coca‑Cola Classic доаѓа од шеќерот. Лименка Coca‑Cola Classic од 330мл содржи 32г шеќер или 10,6г шеќер на 100мл пијалок. 35г е всушност околу 7 мали лажички шеќер.
  • Фосфорна киселина - ова е состојката што ја дава специфичната острина на препознатливиот Coca‑Cola вкус.
  • Карамел боја - специфичен карамел се прави специјално за на Coca‑Cola пијалокот да му ја даде карактеристичната боја.
  • Кофеин - лесната горчина во Coca‑Cola вкусот доаѓа од кофеинот.
  • Природни вкусови - есенцијата на тајната Coca‑Cola формула е мешавината од природни вкусови. Ова е најстрого чуваниот и таен дел од формулата.

Не. Иако ја измислил лекар и аптекар д-р Џон С. Пембертон сепак Coca‑Cola никогаш не била лек. Историјата на пијалокот почнува во мај 1886 во Атланта Џорџија и на почетокот Coca‑Cola се продавала во аптеката Jacob‘s по цена од 5 центи за чаша.

На луѓето кои имаат дијабетес и сакаат дополнителни информации им препорачуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет и препорака.

За луѓето кои сакаат да го намалат внесот на шеќер и калории, вклучително и оние кои имаат дијабетес, имаме во понудата разновидни пијалоци со одличен вкус, а смалена или ниска количина на шеќер и калории. Исто така одличен избор се и пијалоците без шеќер и калории како што е Coca‑Cola Zero.

Со цел да ви помогнеме да го регулирате дневниот внес на шеќер во понудата имаме и пијалоци во помали пакувања. На амбалажата нудиме транспарентни информации за количината на шеќер и бројот на калории содржани во нашите пијалоци со цел потрошувачите да можат да донесат информирана одлука околу тоа кој пијалок и во која амбалажа е соодветен за нив и нивното семејство.

139 калории или 7 % од дневниот референтен внес. Дневен референтен внес е вкупниот број калории што возрасна личност би требало да ги внесува со храна и пијалоци во текот на денот во рамки на здрав и избалансиран начин на исхрана.

Од 2014 година на предната страна од амбалажата на сите наши производи има декларација во боја со наведени нутритивни вредности и јасно наведени количините на калории и шеќер во производот со што ви помагаме во планирањето на оброците и следењето на внесот на калории.

Многу наши пијалоци содржат шеќер кој има калории. Внесот на преголема количина на калории, вклучувајќи ги и калориите од безалкохолните пијалоци може да доведе до дебелеење.

За нас е важно да овозможиме потрошувачите да имаат избор затоа ширум светот нудиме повеќе од 200 пијалоци со намалено или ниско ниво на калории или потполно без калории.

Исто така многу од нашите пијалоци се достапни во помали пакувања како што се мини лименките од 250мл. Го прикажуваме бројот на калории на предната страна од пакувањето со цел луѓето лесно и информирано да го изберат она што им одговара ним и на нивните семејства. 

Ниедна намирница, вклучувајќи ги тука и газираните безалкохолни пијалоци како Coca‑Cola, сама по себе не предизвикува целулит.

Причините за појава на целулит не се точно утврдени. Се смета дека станува збор за комбинација од генетика, хормони, исхрана и други фактори кои произлегуваат од начинот на живот како што се пушењето или недоволната физичка активност.

Целулитот може да се влоши при појава на гојзаност но се појавува и кај жени кои имаат помалку килограми од нивната нормална тежина. 

Рецептот по кој се прави Coca‑Cola пијалокот е деловна тајна. Веќе 130 години успешно го штитиме специјалната Coca‑Cola формула. Само компанијата  Coca‑Cola знае како се прави Coca‑Cola напиток.

Тоа значи дека кога ќе купите некој од нашите пијалоци може да бидете сигурни дека секој пат го добивате истото вкусно и освежувачко искуство.

Coca‑Cola формулата е најдобро чуваната тајна во прехранбената индустрија. Многумина се обиделе да го имитираат вкусот на Coca‑Cola но никому не му успеало.

Сè уште имаш прашања?