ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES) НА КОМПАНИЈАТА COCA-COLA

 

Оваа Политика на колачиња на компанијата Coca-Cola („Политика на колачиња“) ги опишува различните видови колачиња кои се користат во врска со веб-страницата во сопственост и под контрола на NV Coca-Cola Services SA, со регистрирана канцеларија на Chaussée de Mons 1424, 1070 Brussels (понатаму во текстот како „Coca-Cola“ или „ние“), од каде што пристапувате до оваа Политика за колачиња („Страницата“). Coca-Cola ги определува начините и целите за обработката на личните податоци опишани во оваа Политика за колачиња, и затоа е контролор на податоците (во однос на ЕУ Регулативата 2016/679).

Во зависност од Страницата до која пристапувате, нашите информации за приватност важат [да се додаде врска до релевантните информации за приватност (на пр. Go, Journey).] покрај оваа Политика за колачиња и ја дополнуваат оваа Политика за колачиња.

Имате опција да се согласите за употребата за колачиња [Забелешка: Ве молиме додадете врска/линк до делот 2 од оваа политика] пред да влезете на оваа Страница. Оваа Политика за колачиња ви овозможува да ја  прифатите или одбиете секоја од наведените категории за колачиња (освен Строго неопходните колачиња, кои можат да бидат само одбиени).

Ако имате прашања, ве молиме контактирајте со нас на ID.coke.com.

 

ШТО Е КОЛАЧЕ?

● Колачињата се стандардна карактеристика на веб-страниците кои ни овозможуваат да зачуваме мало количество податоци на вашиот компјутер во врска со вашата посета на Страницата. Тие се користат нашироко за да им помогнат на веб-страниците да функционираат, или да функционираат на подобар, поефикасен начин, со тоа што, на пример ќе ве препознаат вас и ќе ги запаметат информациите кои ќе ви го направат позгодно користењето на веб-страницата (на пример, зачувување на вашите поставки за преференции). Колачињата исто така ни помагаат да откриеме кои делови од Страницата се корисни, а кои треба да се подобрат, и да го следиме вашето користење на Страницата за да ви обезбедиме таргетирани реклами.

● Колачиња од прва страна и колачиња од трета страна

Колачињата ги симнува вашиот Интернет прелистувач при првата посета на Страницата. Следниот пат кога ќе ја посетите Страницата од истиот уред, колачето и информациите кои се зачувани во него или се испраќаат до Страницата која го генерирала (колаче од прва страна) или до друга веб-страница на која ѝ припаѓа (колаче од трета страна).

Овие испорачувачи (провајдери) од трета страна поставуваат колачиња кога сте најавени на нивните страници и ќе ја посетите нашата Страница. Ние немаме влијание на поставките за колачиња на овие веб-страници. Ве молиме посетете ги веб-страниците на испорачувачите (провајдерите) од трета страна за да добиете понатамошни информации за тоа како ги користат нивните колачиња.

Колачињата од прва страна и колачињата од трета страна ѝ овозможуваат на веб-страницата да препознае дали веќе сте пристапиле до Страницата преку овој прелистувач и, во многу случаи, потоа прикажува различна содржина.

Ако ја одбиете употребата на сите колачиња, нема да се користат ни колачиња од прва страна ни колачиња од трета страна. Нема да има диференцијација меѓу двата вида колачиња.

  • Трајни и сесиски колачиња

Во зависност од нивниот животен век, се разликуваат „трајни“ и „сесиски“ колачиња.

Трајно колаче е колаче кое се зачувува на вашиот компјутер додека не му помине рокот или додека не го избришете.

Сесиското колаче, од друга страна, се брише кога ќе го затворите прелистувачот.

Покрај прифаќањето на колачињата кога ќе ја посетите Страницата како што е опишано на начинот објаснет подолу [Забелешка: Ве молиме додадете линк до дел 2 од оваа политика.], општо земено можете да одберете и дали ќе прифаќате колачиња со менување на поставките на вашиот прелистувач. За понатамошни информации, видете подолу под бр.2 [Линк до совети за користење на поставките на прелистувачот].

 

КАКО ДА ГИ МЕНАЏИРАМ КОЛАЧИЊАТА?

  • Одбивање на користење на колачиња

Имате опција да се согласите на користењето колачиња кои ќе ви овозможат да ги употребувате сите функции на Страницата без ограничувања кога ќе ја посетите нашата Страница. Ако ја одбиете употребата на Строго неопходни колачиња, тоа може да влијае на вашето корисничко искуство и функционалноста при користење на Страницата. Одбивањето на други колачиња може да не влијае на вашето корисничко искуство и функционалноста при користење на Страницата.

Ако ја одбиете употребата на сите колачиња, колачињата од прва страна и колачињата од трета страна ќе бидат деактивирани. Покрај тоа, колачињата од прва страна ќе бидат избришани. Ние не сме во состојба да избришеме колачиња од трета страна. Затоа, вие треба сами да ги избришете колачињата од трета страна. Ова може да се направи во поставките на вашиот прелистувач (видете во следната точка).

  • Деактивирање и/или бришење на колачиња преку вашиот прелистувач

Како алтернатива и/или дополнително, можете да ги смените поставките за колачиња во вашиот Интернет прелистувач. Вашиот интернет прелистувач ви овозможува да ги смените вашите поставки за колачиња. Таквите поставки за колачиња на прелистувачот обично се наоѓаат во менијата „options“, „tools“ или „preferences“ од вашиот Интернет прелистувач. Исто така, можете да се информирате и од менито „help“ на вашиот Интернет прелистувач. Различните прелистувачи може да користат различни механизми за оневозможување на колачињата.

Ве молиме, информирајте се на линковите подолу за повеќе детали за тоа како да ги смените вашите поставки за колачиња:

Cookie settings in Internet Explorer

Cookie settings in Firefox

Cookie settings in Chrome

Cookie settings in Safari

Што се однесува до поставките на прелистувачот за бришење на поранешни колачиња, важат истите принципи како и за деактивација на нови колачиња преку поставките на вашиот прелистувач. Ве молиме, следете ги соодветните упатства на вашиот прелистувач како што е опишано подолу [линк до првиот параграф].

На Интернет се достапни алатки за бришење на сите колачиња што остануваат од веб-страниците кои сте ги посетиле, како што е www.allaboutcookies.org.

Кога ќе пристапите до оваа Страница од различни компјутери, ќе биде неопходно да ги повторите промените на вашите поставки.

КАКВИ КОЛАЧИЊА КОРИСТИМЕ НИЕ?

 

Во текстот подолу даваме список на различните видови колачиња кои ние и третите страни ги користиме на Страницата: Строго неопходни колачиња, Колачиња за перформанси, Колачиња на функционалност, Колачиња за таргетирање и [Колачиња од социјални медиуми].

Строго неопходни колачиња: Строго неопходните колачиња гарантираат функции без кои не би можеле да ја користите оваа Страница и обезбедуваат, меѓу другото, кога ќе ги користите функционалностите на веб-страницата, да ви се прикажува верзија која има широкоопсежен (broad-band) квантитет на податоци кој соодветствува со тој на Интернет конекцијата која ја користите. Освен тоа, таквите колачиња се погрижуваат, во случај да смените страница, да се случи функцијата на промена од http во https. Покрај тоа, ваквите видови колачиња ја зачувуваат вашата одлука во врска со користењето колачиња на нашата Страница.

Поконкретно, Строго неопходните колачиња кои ги користиме ние се:

  1. колачиња кои се користат само за извршување на преносот на комуникацијата преку Интернет; и
  2. колачиња кои се строго неопходни со цел ние да можеме да ви ја обезбедиме услугата која вие експлицитно сте ја побарале (односно, ако овие колачиња се оневозможат, нема да можеме да ви ја обезбедиме услугата која вие недвосмислено сте ја побараме).

Користењето на Строго неопходни колачиња за целите опишани погоре во текстот се базира на нашите легитимни интереси за обезбедување на соодветно техничко функционирање, пристап и користење на Страницата и за да ви ја/ги обезбедиме услугата/услугите кои експлицитно сте ги побарале.

Колачиња за перформанси: Овие колачиња се користат за да ни обезбедат статистички информации за перформанските на нашата Страница (на пример, да бројат посети, извори на сообраќај).

Колачиња на функционалност: Овие колачиња ѝ овозможуваат на Страницата да го сочува изборот што сте го направиле и да ви обезбеди подобри и поперсонализирани можности. Во оваа категорија можат да бидат вклучени и колачиња од трета страна.

Колачиња за таргетирање. Колачињата за таргетирање се поставуваат за прикажување таргетирани реклами кои се базираат на вашите интереси на Страницата или за управување со нашето рекламирање. Овие колачиња собираат информации во врска со вашите активности на оваа Страница и другите страници за да ви обезбедат таргетирано рекламирање.

- [Колачиња од социјалните медиуми: Колачињата од социјалните медиуими собираат информации за користењето на социјалните медиуми, за да изградат ваш профил.]

Табелите подолу содржат список на сите различни видови колачиња кои ги користиме ние и третите страни на Страницата, заедно со информациите во врска со нивните периоди на задржување (односно колку долго секое колаче останува на вашиот уред), нивниот извор (односно дали се колачиња од прва страна или колачиња од трета страна) и постоењето на префрлање податоци надвор од Европската економска област:

МОДИФИКАЦИИ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

[Можете да дознаете кога последен пат била променета оваа Политика за колачиња со проверување на „ПОСЛЕДНА ПРОМЕНА НА:“ на почетокот од оваа страница.]

За сите предвидени промени на оваа Политика на колачиња ќе бидете информирани доволен временски период однапред, пред промените да стапат на сила.