ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

 

Согласно член 126 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, ТРГОВСКОТО ДРУШТВО ЗА ПИВО, СЛАД, ОЦЕТ, АЛКОХОЛНИ И БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ ПИВАРА СКОПЈЕ АД ги донесе следниве:

 

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

“Со Кока Кола до незаборавно лето”

 

 


1. Организатор на наградната игра:

Организатор на Наградната игра ‘Со Кока Кола до незаборавно лето!’ е ТРГОВСКОТО ДРУШТВО ЗА ПИВО, СЛАД, ОЦЕТ, АЛКОХОЛНИ И БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје, со седиште во Скопје, ул. 808 бр. 12, 1000 Скопје – Гази Баба, со ЕДБ МK 4030995129290 и ЕМБС 4053974.


2. Производи кои учествуваат во наградната игра:

Во Наградната игра ќе учествуваат следните производи (во понатамошниот текст: промотивни пакувања):

• Coca-Cola original taste 0,5 л во неповратно пакување (пластика), ПЕТ пакување

• Coca-Cola original taste 0,25 л во повратно пакување (стакло), стакло

• Coca-Cola original taste 0,33 л во неповратно пакување (лимека), лимека

• Coca-Cola Zero sugar 0,5 л во неповратно пакување (пластика), ПЕТ пакување

• Coca-Cola Zero sugar 0,25 л во повратно пакување (стакло), стакло

• Fanta Orange 0,5 л во неповратно пакување (пластика), ПЕТ пакување

• Fanta Orange 0,25 л во повратно пакување (стакло), стакло

• Fanta Orange 0,33 л во неповратно пакување (лимека), лименка

 

Промотивните пакувања ќе бидат препознатливи по промотивните етикети и промотивните капачиња. Промотивните капачиња на ПЕТ пакувањата (Coca-Cola original taste, Coca-Cola Zero sugar,  Fanta Orange) ќе бидат со  сива боја,   а под секое капаче ќе биде испишан код.  Кај лименките  (Coca-Cola original taste, Fanta Orange) под затворач од внатрешната страна кој ќе биде ќе биде со  црна боја ќе биде испишан кодот, а кај стакло пакувањата (Coca-Cola original taste, Coca-Cola Zero sugar, Fanta Orange) на промотивната етикета ќе има обележан прозорец преку кој треба да се провери промотивниот код.

 

3. Назив на наградната игра:

Официјално име на Наградната игра  гласи “Со Кока Кола до незаборавно лето”

 

4. Цел на наградната игра:

Цел на оваа наградна игра е промоција  на производите Coca-Cola original taste 0,5л ПЕТ, 0,25л стакло, 0,33л лименка; Coca-Cola Zero sugar 0,5л ПЕТ, 0,25л стакло; Fanta Orange 0,5л ПЕТ, 0,25л стакло,  0,33л лименка кои Организаторот ги произведува за територијата на Република Македонија. 

 

5. Територија:

Наградната игра ќе се организира и спроведува на цела територијата на Република Македонија.

 

 

 

6. Времетраење на наградната игра:

Наградната игра ќе започне на 03.07.2017 и ќе трае до 21.08.2017 година.

 

 

7. Право на учество:

Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република Македонија со купување на кој било промотивен производ  кој е предмет на оваа наградна игра. Право на учество во наградната игра немаат вработените во Пивара Скопје АД и членовите на потесниот круг на нивните семејства.

 

8. Механизам на наградната игра:

 

Наградите кои се доделуваат на учесниците во оваа наградна игра, а кои се опишани подолу во точка број 10, ќе бидат доделувани секој ден (Coca-Cola лејзи бегови, Coca-Cola ранци, Coca-Cola Zero пакети (4 x 330ml) односно секоја недела (патувања за двајца) и тоа по следниот распоред:

47 дена ќе се доделуваат по 2 Coca-Cola лејзи бега секој ден, 48-от и 49-от ден од наградната игра ќе се доделуваат по 3 Coca-Cola  лејзи бега дневно,

47 дена ќе се доделуваат по 10 Coca-Cola ранци секој ден, 48-от и 49-от ден од наградната игра ќе се доделуваат по 15 Coca-Cola ранци дневно,

47 дена ќе се доделуваат по 20 Coca-Cola пакети (4 x 330ml) секој ден, 48-от и 49-от ден од наградната игра ќе се доделуваат по 30 Coca-Cola пакети (4 x 330ml) дневно

Првите 6 недели ќе се доделуваат по 3 патувања за двајца неделно, последната недела од наградната игра ќе се доделат 2 патувања за двајца.

 

Откако учесникот ќе го најде кодот под капачето кај ПЕТ пакувањата, под затворачот кај лименките, или зад прозорецот кај стакло, потребно е да го испрати преку СМС порака на 14700 или преку вибер порака на public account-ot на Coca-Cola,  под името Coca-Cola Makedonija. Цена на секоја порака е 5,9 ден. за СМС со вклучен ДДВ, на товар на испраќачот. Пораките преку вибер не се наплаќаат. Добитниците се одредуваат по компјутерски пат користејќи алгоритам за случаен избор на време. Веднаш по внесувањето на кодот, учесникот во наградната игра ќе добие повратна порака, дали внесениот код е добитен или не, односно дали учесникот е добитник на награда или не е. Со оваа повратна порака добитникот ќе биде информиран и за тоа која награда ја добил. Дневните и неделните награди ќе се извлекуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор од страна на специјално креиран софтвер за оваа намена инсталиран во просториите на МОБИКО ДООЕЛ со седиште на ул. Партизански Одреди бр.101 1000 Скопје

 

Поточно на дневно ниво ќе бидат следните извлекувања:

 

 

 

Сите испратени кодови од страна на приредувачот на наградната игра ќе бидат верификувани.   Во случај на погрешно испратен код, или код кој веќе еднаш бил внесен, испраќачот ќе биде биде известен преку СМС или Вибер, во зависност од тоа од каде ја испратил пораката. При извлекувањето на наградите “патувања за двајца” на учесникот со пораката ќе му биде наведено која дестинација ја има добиено како награда. Добитникот на награда самостојно го определува времето на патување и може да избере временски период за реализирање на патувањето, не подоцна од  30 ноември 2017 година.

По добивање на повратна порака дека е добитник на награда, добитникот ќе биде контактиран од страна на оператор ангажиран од организаторот на телефонскиот број преку кој го има испратено кодот, како би му ја потврдил наградата и би му ги побарал сите потребни податоци (име, презиме, улица, број, поштенски код, град, број на лична карта) со цел испорака на наградата на негова адреса. Личните податоци од добитникот се бараат исклучиво заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата.  Со ова добитникот е согласен податоците за испорака (име, презиме, улица, број, поштенски код, град), односно овие лични податоци да бидат проследени и до фирмата која ја организира испораката на наградите, заради нивна испорака на домашна адреса на добитникот на наградата, како и на агенцијата која го организира патувањето .

 

9. Услови за учество во наградната игра:

За да можат да учествуваат во наградната игра, потенцијалните учесници потребно е да купат Coca-Cola original taste 0,5 л во неповратно пакување (пластика), ПЕТ пакување, Coca-Cola original taste 0,25 л во повратно пакување (стакло), стакло, Coca-Cola original taste 0,33 л во неповратно пакување (лимека), лимекна, Coca-Cola Zero sugar 0,5 л во неповратно пакување (пластика), ПЕТ пакување, Coca-Cola Zero sugar 0,25 л во повратно пакување (стакло), стакло , Fanta Orange 0,5 л во неповратно пакување (пластика), ПЕТ пакување, Fanta Orange  0,25 л во повратно пакување (стакло)Fanta Orange 0,33 л во неповратно пакување (лимека). Едно лице може да учествува во наградната игра со неограничен број на СМС и Viber пораки, но со користење на различни кодови (од различни капачиња или етикети или затворачи). Секој поединечен код може да се искористи само еднаш.

 

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавувани во рок од 3 дена од извлекувањето за одреден ден на интернет страницата на COCA-COLA www.coca-cola.com.mk со објавување на кодот и на телефонскиот број од кој е испратена пораката. Секоја ваква објави на страницата на  COCA-COLA www.coca-cola.com.mk ќе биде за период од 1 ден.

 

 

10. Награди во наградната игра:

Во наградната игра на учесниците ќе им бидат доделени следните награди:

1000 пакети 4 х 330мл Coca-Cola  original taste

500 Coca-Cola ранци

100 Coca-Cola лејзи бегови

20 патувања за двајца со вклучен авионски превоз, трансфер од до аеродром за одредената дестинација, четири ноќевања на база на полу-пансион и патничко-здравствено осигурување за двајца, за следните дестинации (1 за Миконос, 1 за Ибица, 4 за Амстердам, 4 за Барселона, 4 Париз, 6 за Берлин)

 

 

11. Награден фонд на наградната игра:

 

Вид на награда

Број на награди

Единечна цена без ДДВ

Вкупно без ДДВ

ДДВ 18%

Вкупно со ДДВ

 

 

 

(бр.на награди x единечна цена)

 

 

4 х 330мл Coca-Cola  Original taste

1000

62,54

62.540

11.257

73.797

Coca-Cola ранци

500

626,78

313.390

56.410

369.800

Coca-Cola лејзи бегови

100

2.233,76

223.376

40.208

263.584

Патувања за двајца Ибица

1

158.100,00

158.100

0

158.100

Патувања за двајца Миконос

1

127.100,00

127.100

0

127.100

Патувања за двајца Барселона

4

114.080,00

456.320

0

456.320

Патувања за двајца Париз

4

105.600,00

422.400

0

422.400

Патувања за двајца Амстердам

4

96.500,00

386.000

0

386.000

Патувања за двајца Берлин

6

89.900,00

539.400

0

539.400

 

Во оваа наградна игра ќе се доделат вкупно 1620 награди.  Вкупниот награден фонд за оваа Наградна игра изнесува  2.796.501,00  денари со вклучен ДДВ.

 

Количината на наградите од Наградната игра е ограничена и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои што се претходно определени. Замена на наградите со други награди, со парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност на планираните награди.

 

Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на Организаторот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учества.

 

12. Доделување на наградите:

Наградите ќе бидат доделени не подолго од 30 дена од извлекувањето на истите. Дневните награди ќе им бидат доставени на добитниците по пошта на адресата која ја оставиле на операторот ангажиран од страна на организаторот. Доколку се работи за наградата “патување за двајца” на добитникот ќе му биде испратен ваучер за патување. Добитниците на наградата “патување за двајца”, својата награда може да ја искористат најдоцна до  30 ноември 2017 година. По истекот на овој рок, добитникот го губи правото на награда. По врачување на наградата “патување за двајца”, добитникот има право да одлучи која личност ќе патува со него и за тоа соодветно да ја информира агенцијата која го реализира наградното патување.

 

Добитникот, наградата ќе може да ја подигне со  давање на увид на документ за лична идентификација, а со цел утврдување на право на учество во наградната игра, односно дали лицето е полнолетно и со приложување на доказ дека истиот е корисник на телефонскиот број од каде е испратен добитниот код. Исто така треба да ја покаже и пораката со која е известен дека е добитник на наградата. При предавање на наградата, добитникот потпишува изјава за потврда дека ја примил наградата.

 

Доколку добитникот од која било причина не може да приложи доказ дека е корисник на телефонскиот број од каде е пратена добитната пораката, во тој случај нема да може да ја подигне наградата. Во случај на спор, добитник на наградата ќе биде оној кој ќе приложи капаче од ПЕТ пакување, затворач од лименка или етикета од  стаклено пакување со добитниот код како доказ.

 

Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на организаторот.

 

 

13. Запознавање на учесниците со наградната игра:

 

Правилата на наградната игра, начин и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетрање, приредувачот ќе ги објави на официјална веб страница на COCA-COLA www.coca-cola.com.mk, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.

 

Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правилата на наградната игра.

 

Копија од Официјалните правила на наградната игра, секој учесник може да побара на сопствен трошок од просториите на Организаторот или со јавување на потрошувачката бесплатна инфолинија на 0800-1-8888, во периодот на времетраење на наградната игра од понеделник до петок, помеѓу 08:00 и 16:00 часот.

 

Организаторот го задржува правото да дисквалфикува учесници кои не се согласуваат со официјалните правила, кои дејствуваат спротивно на духот на Наградната игра, или кои се стекнале со производот на Наградната игра по нелегален пат.

 

14. Обработка на лични податоци:

Со учеството во Наградната игра, учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци на операторот ангажиран од организаторот и тоа: име, презиме, улица, број, поштенски код, град и број на лична карта, како и личната карта на увид.  Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на Наградната игра.  Личните податоци од добитникот се бараат исклучиво заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра, односно дали лицето е полнолетно.  Со ова добитникот е согласен овие лични податоци  (име, презиме, улица, број, поштенски код, град) да бидат проследени и до поштенската служба заради испорака на наградата и на агенцијата која го организира патувањето. За оваа цел добитникот ќе потпише изјава за согласност за користење на лични податоци.

 

За сите лица, кои ќе бидат вклучени во процесот на прибирање и обработка на личните податоци, ќе се обезбедат потпишани овластувања за работа со лични податоци и изјава за заштита на лични податоци.

 

Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.

Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра. После тоа истите ќе ги уништи согласно процедурата на Пивара Скопје  за уништување документи.

 

15. Приговори:

Секој незадоволен учесник во наградната игра кој има приговор или рекламација во врска со организацијата на оваа наградна игра, има право писмено да поднесе приговор до Организаторот на наградната игра и за истото да добие писмено известување во рок од 8 дена од приемот на приговорот.

 

Приговорите и рекламациите се сметаат за благовремено поднесени, доколку се достават најдоцна 8 дена од утврдувањето на причината поради која се приговара, но не подоцна од 8 дена по завршувањето на наградната игра.

 

16. Евентуални спорови:

Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решаваат спогодбено, а во случај на спор за истиот ќе решава надлежниот суд во Скопје и во согласност со важечките закони во Република Македонија.

 

17. Одговорност:

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда ако потроши поголема сума на пари. Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

 

Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки сврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности. Со плаќањето на персоналниот даноки преземањето на наградите престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградата спрема добитниците.

 

18. Откажување на наградната игра:

Наградната игра може да се откаже во било која фаза, во случај на виша сила, во ситуација кога не постои можност Организаторот да има независност во спроведувањето на наградната игра.

 

Во случај на откажување на наградната игра, Организаторот ќе ги информира потрошувачите за откажувањето на наградната игра, за причините поради кои се откажува наградната игра, како и за датумот на откажување со објавување во дневен весник.

 

19. Важност на правилата на наградната игра:

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

 

20. Реклама на наградната игра:

За успешно организирање на оваа Наградна игра обезбедена е маркетиншка поддршка и тоа со следниве средства:

1. Телевизиски спот;
2. Рекламен материјал поставен на продажните места.

 

Coca-Cola, е регистриранa трговскa маркa на The Coca-Cola Company.

 

 

 

ПИВАРА СКОПЈЕ  АД - Скопје

 

 

_________________________

 

Душан Митрев

 

Финансов директор